Метео: Утре сончево, за викендот дожд

23.02.2017 14:49

Во вечерните часови ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта под влијание на влажен воздушен бран се очекуваат врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота во текот на денот.

Утре во Македонија се очекува сончево време со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од јужен правец особено во западните делови од земјата. Дневната температура ќе достигне до 21 степен.

Во вечерните часови ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта под влијание на влажен воздушен бран се очекуваат врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота во текот на денот.

На повисоките планини се можни врнежи од снег.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска