МПЦ-ОА: Да се зачува унитарноста на државата и уставната позиција на македонскиот јазик

23.02.2017 15:32

Од Синодот изразуваат голема загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа македонското општество. Апелираат, политичките лидери да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на Македонија согласно Уставот...

„Сегашноста и иднината на Македонија ја гледаме преку сочувување на унитарниот карактер на државата, а за сето ова ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство. Стремејќи се кон тоа, нашиот верен народ треба да се раководи и од евангелските христијански вредности“- велат од Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

Од Синодот изразуваат голема загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа македонското општество. Апелираат, политичките лидери да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на Македонија согласно Уставот.

„Македонските национални државни и стратешки интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секого од нас, што подразбира живеење по божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот“- се вели во соопштението од Светиот архиерејски синод.