Генералниот директор на МЖ- Транспорт поднесе оставка

23.02.2017 16:13

Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат, вработените бараат целосна исплата на јануарската плата и гаранција дека ќе имаат редовни примања.

Генералниот директор на Македонски железници- Транспорт, Никола Костов, ја депонирал својата оставка, откако речиси една недела железничкиот сообраќај е блокиран поради протест на вработените.

Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат, вработените  бараат целосна исплата на јануарската плата и гаранција дека ќе имаат редовни примања.

Владата, пак, донесе одлука за директна помош за Железницата од 70 милиони денари годишно и побара во најбрз можен рок да се овозможи нормално фукционирање на Железницата, бидејќи во спротивно, ако продолжи протестот, ќе се доведат во прашање исплатата на платите за сите вработени во Железницата и целокупното работење на претпријатието.