Одложено судењето за мобинг против Панчевски
Судењето за тужбата за мобинг поднесена од Горан Стаменковски, вработен во Кривичниот суд, против екс претседателот на судот, Владимир Панчевски, повторно се одложи. Адвокатите на Стаменковски го добиле одговорот на тужбата пред рочиштето, по што побараа време за разгледување. Одбраната на Панчевски, тврди дека постапката има за цел да го наруши неговиот углед.

Рочиштето за мобинг против екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски се одложи повторно. Одбраната на тужителот, поранешниот раководител на Одделението за човечки ресурси, Горан Стаменковски побара време за да го разгледа одговорот на тужбата што го добија пред самото судење.
Адвокатите на Стаменковски постапката на доставувањето на одговорот го оквалификуваа како обид за одолговлекување на судскиот процес од тужениот Панчевски. Тие посочија дека спрема нивниот клиент продолжува мобингот иако постапката е во тек, со цел тој да се откаже од тужбата.
Одбраната на Панчевски тврди дека тужбата е безпредметна и дека нема никакви правни основи за мобинг. Целата постапка била со цел нарушување на неговиот углед.
Судењето беше презакажано за 16-ти март.
Фиљана Кока
