Иванов: Јавно да се осуди мешањето во внатрешните работи од соседите

24.02.2017 14:50

Британскиот министер на средбата со претседателот Иванов нагласил дека Обединетото Кралство посакува стабилна Република Македонија и дека не сакаат да се мешаат во внатрешните работи...

Не е изразена јавна осуда за мешањето од некои соседни земји во внатрешните работи на Република Македонија. Стратегиските цели на земјава, и натаму се европските и евроатлантските интеграции, но за пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во спорот Македонија- Грција има двојни стандарди, појаснил претседателот Ѓорге Иванов, на средбата со државниот министер на Велика Британија за Европа и за Америка, Ален Данкан во Вилата Водно во Скопје.

Британскиот министер нагласил дека Обединетото Кралство посакува стабилна Република Македонија и дека не сакаат да се мешаат во внатрешните работи. Во однос на деблокирањето на евроатлантските интеграции на замјава, Данкан порачал дека ќе ја поддржат Македонија на овој план.