Метео: За викендот облачно и врнежливо

24.02.2017 14:48

Локално се очекува да наврне околу 15 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Првиот ден од викендот ќе ни донесе претежно облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини особено во северозападните делови од Македонија.

Локално се очекува да наврне околу 15 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и дневна температура до 12 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска