Недела на солидарност со децата бегалци од Сирија

27.02.2017 15:35

Недела на солидарност со децата бегалци од Сирија почнува од денеска, и ќе трае до 5 март. Здружението на граѓани Легис и Првата детска амбасада Меѓаши почнаа акција, како што велат, за да соберат пари за жителите на Алепо, кои се сместени во камповите во Турција.

Хуманитарна помош од граѓаните на Македонија до децата бегалци од Сирија. Здружение на граѓани Легис и Првата детска амбасада Меѓаши ќе собираат пари за бегалците згрижени во камповите на граничната зона на Турција со Сирија. До 5 март сите хумани граѓани ќе можат да донираат на сметката на ЛЕГИС како и во кутиите поставени во големите маркети.

Според организаторите кампањата „Недела на солидарност со децата бегалци од Сирија“ освен хуманитарен аспект има и образовен дел.

Во моментов во Македонија има околу 130 бегалци од Сирија. Околу педесет се во Табановце и во Гевгелија, другите се во Визбегово и во Скопје. Во текот на шестгодишната војна во Сирија се убиени 300.000 луѓе.

 

Наташа Јанчиќ