„Зелена планета“: Едукација на најмладите за придобивките од рециклирањето
Преку театарската претстава „Зелена планета“ се реализира проект за едукација на младите за придобивките од рециклирањето и правилниот третман на отпадот. Планирано е годинава, оваа претстава да ја видат уште најмалку 10.000 деца од 10 градови во Македонија.

Преку забава до поголема свест за значењето на селектирањето и третманот на различен вид отпад, почнувајќи од хартијата, пластиката, стаклото, лимената амбалажа, па сѐ до електронскиот. Со претставата „Зелена планета“ наменета за деца од прво до петто одделение, почнува проектот за едукација на најмладите за придобивките од рециклирање и правилен третман на отпадот.
Децата секогаш се носители на општествените промени и од нив може многу да се научи, смета холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп. Според него, проблемот со отпадот може да се реши само преку соработка на јавните институции, невладиниот и бизнис - секторот и поддршката од граѓаните.
Од „Нула отпад“ веруваат оти оваа претстава ќе наиде на позитивен прием кај младите генерации.
Планирано е оваа година претставата да ја видат уште најмалку 10.000 деца во 10 градови низ Македонија.
Ана Јосифоска- Тодоровска
