СЈО поднесе жалби за паричните казни за Јанева и Фетаи
„Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба“, се вели во соопштението од СЈО. Посочуваат дека поднеле претставки против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти за нестручно и несовесно вршење на судската функција.

СЈО поднело жалби до скопскиот Кривичен суд против одлуката на судот со која на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи им беа изречени парични казни од по 2 илјади евра на рочиштето за насилството во Општина Центар, информираат од Специјалното јавно обвинителство.
„Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба“, се вели во соопштението од СЈО. Посочуваат дека поднеле претставки против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти за нестручно и несовесно вршење на судската функција.
Специјалното обвинителство се жали на несоодветна соработка на Здружението на јавните обвинители, бидејќи им било оневозможено да присуствуваат на Годишното собрание на здружението.
