Протест пред Владата на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

27.02.2017 16:54

На прес конференција објавија и Проглас во кој меѓудругото, се вели- Македонија има три Илиндени- дојде време да го обзнаниме четвртиот.

Протест пред Владата за денеска најави Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија. На прес конференција објавија и Проглас во кој меѓудругото, се вели- Македонија има три Илиндени- дојде време да го обзнаниме четвртиот.

Во сите три претходни, Македонците јасно и недвосмислено ја искажаа почитта кон сите оние кои живеат под ова небо. Дојде ред и на нас да ја покажеме таа заемна почит. Ние, современиците на овој миг имаме должност да ги споиме тие вредности од минатото за доблесно, сите заедно, да се насочиме кон иднината. Ниту еден патриот не е против националните права, култура и традиционални вредности на својот сограѓанин- изјавија од иницијативата.

Побараа ниту една политичка партија во Македонија да не ја потхранува и уважува дискриминаторската политика на одредени земји и да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме.