Трамп: Обама стои зад протестите против Републиканците
Во интервју за „Фокс њуз“ Трамп рече дека не е изненаден од тој факт и истакна дека ги менува работите што сакал да ги промени неговиот претходник. Додаде дека е порешителен од Обама во однос прашањето за депортација од земјата на секој што нелегално престојува во сад.

Претседателот Доналд Трамп верува дека неговиот поранешен колега Барак Обама стои зад протекувањето документи во неговата администрација и зад гневните протести со кои се соопчуваат Републиканците низ целата земја.
Во интервју за „Фокс њуз“ Трамп рече дека не е изненаден од тој факт и истакна дека ги менува работите што сакал да ги промени неговиот претходник. Додаде дека е порешителен од Обама во однос прашањето за депортација од земјата на секој што нелегално престојува во сад.
Тој зборуваше и за протекувањето информации во Белата куќа. Според него, зад тоа исто така стојат луѓе лојални на Барак Обама. Нагласи дека тоа е штетно за националната безбедност, но, дека сепак не дошло до значајно протекување информации.
Трамп изрази и уверување дека зголемувањето на воениот буџет на сад од дополнителни 54 милијарди долари ќе биде надоместен со посилна економија и со намалувања во други области.
Истражувањата покажуваат дека рејтингот за ефикасноста на работата на претседателот Трамп е на историски најниско ниво. Пспоред последните анкети, 55% од американските гласачи не ја одобруваат работата наамериканскиот претседател.
Марина Автовска
