Медведев: Западот сака да ги овековечи санкциите
01.03.2017 12:20
Медведев тврди дека неговата земја може да се развива во услови на економски санкции кои Западот се обидува да ги пролонгира на неодредено време.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев тврди дека неговата земја може да се развива во услови на економски санкции кои Западот се обидува да ги пролонгира на неодредено време.
Ги критикуваше новите закони и укази што се спроведуваат во останатиот дел од Европа и во САД.
Медведев потенцираше дека успесите во земјоделството и индустријата се делумно резултат на санкциите зашто поради нив се смениле методите на работење.
