Талибанците во Авганистан нападнаа локации на полицијата, војската и разузнавачите

01.03.2017 12:50

Властите потврдија дека инциденти се случиле и во уште неколку делови од главниот град. Засега нема информации за жртви.

Авганистанските талибанци извршија напад врз полициски, воени и разузнавачки цели во Кабул. Властите потврдија дека инциденти се случиле и во уште неколку делови од главниот град. Засега нема информации за жртви.

Минатиот месец бомбаш-самоубиец усмрти најмалку 20 луѓе пред зградата на Врховниот суд. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.