Нема нови случаи на птичји грип

01.03.2017 13:14

Можностите за појава на птичји грип се намалени зашто со зголемувањето на температурите вирусот не може да циркулира толку многу. Сепак, не е исклучена можноста за појава на болеста, истакна првиот човек на АХВ.

Нема нови жаришта и нови случаи на птичји грип во Македонија, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

Според Поповски, состојбата будно се следи и сите сомнителни случаи се испитуваат за да се преземат навремени мерки ако се утврди дека е потребно.

Можностите за појава на птичји грип се намалени зашто со зголемувањето на температурите вирусот не може да циркулира толку многу. Сепак, не е исклучена можноста за појава на болеста, истакна првиот човек на АХВ.

Во околните држави веќе има нови случаи, во Бугарија има голем број жаришта, а жаришта се појавуваат и во Србија.