Дожд, ветер и пад на температурите од попладне
Најпрво ќе има повремени врнежи од дожд во западните делови, а кон крајот на денот ќе се префрлат на исток. Пообилни ќе бидат во западните делови, каде на места се очекува да наврне околу 15 литри на метар квадратен.

Врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во западните делови на Македонија се очекуваат за денеска попладне и во вечерните часови.
Најпрво ќе има повремени врнежи од дожд во западните делови, а кон крајот на денот ќе се префрлат на исток. Пообилни ќе бидат во западните делови, каде на места се очекува да наврне околу 15 литри на метар квадратен. Можна е изолирана појава на грмежи. Кон крајот на денот на планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од југозападен, а во источните од југоисточен правец и на места ќе достигнува брзина над 70 км/час. Во вечерните часови ветерот ќе биде северен, што ќе предизвика опаѓање на температурата.
Во скопската котлина ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен, а кон крајот на денот од северен правец. Доцна попладне ќе има повремени врнежи од дожд со слаб интензитет.
Внежите ќе престанат во втората половина од ноќта.
