Дваесет илјади луѓе во Македонија годишно умираат од компликации од дијабетес

01.03.2017 14:29

Дијабетесот е епидемија на светско ниво и е контролирана болест која може многу добро да се регулира и пациентите да доживеат и длабока старост, а ако не се регулира последиците се катастрофални, посочи д-р Митрев.

Дваесет илјади луѓе годишно умираат во Македонија поради компликации кои ги предизвикува  дијабетот- покажуваат светските податоци изготвени според бројот на жители. Кардиохирургот Жан Митрев, вели се забележува континуиран раст на бројот на заболени кои бараат комплексни и тешки операции.

Во нашата генерална популација на пациенти кои ги имаме околу 70 отсто се дијабетичари. Дијабетесот е епидемија на светско ниво и е контролирана болест која може многу добро да се регулира и пациентите да доживеат и длабока старост, а ако не се регулира последиците се катастрофални, посочи д-р Митрев.

Според него, важен е начинот на исхрана, но и навремената дијагностика. Тој го потенцираше недобро регулиран дијабетес, кој според него, е границата кога пациентот треба да прими инсулин, но не е високо неговото ниво на гликемија во крвта, а докторите препорачуваат терапија која не е инсулинска.