Проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните

01.03.2017 15:13

Целта е препознавање на капацитетите и прогноза на појава на болести кај животните и растенијата, кои би имале последици врз здравјето на луѓето и економијата. Проектот ќе се спроведува во наредните 18 месеци во соработка со италијански експерти.

700 илјади евра за подобрување капацитетот на институциите за ветеринарна и фитосанитарна политика и безбедност на  храната. Целта е препознавање на капацитетите и прогноза на појава на  болести кај животните и растенијата, кои би имале последици врз здравјето на луѓето и економијата. Проектот ќе се спроведува во наредните 18 месеци во соработка со италијански експерти.

Проектните активности се всушност актуелни трендови во политиките на ЕУ за современо водење и управување на службите надлежни за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, истакна министерот за земјоделство Михаил Цветков на промоцијата.

Станува збор за продолжение на претходниот твининг проект кој беше во насока на подобрување на ефективноста на работењето на инспекциските служби, воспоставување пилот-систем за пасоши кај растенијата и подобрување на размената на податоците меѓу надлежните служби.

Како краен резултат од проектот очекувам подобрување на системот за контрола на паразитските болести и болестите кои се пренесуваат преку вектори, обезбедување алатки за контрола на храната за животни и ветеринарно- медицинските препарати, функционалност на системот за зоонозите и алиментарните интоксикации, како и изработка на првата стратегија за благосостојба на животните, напомена директорот на АХВ и проект-лидер, Зоран Поповски.