23 години од Полкот за специјални операции
Со воена свеченост во касарната „Илинден“ се одбележаа 23 години од формирањето на Полкот за специјални операции. Припадниците на оваа единица имаа можност да ги применат стекнатите знаења и вештини со учеството на мисиите во Ирак и Авганистан. За храброста, посветеноста и професионализамот, најдобар доказ се високите оценки и големиот број одликувања.

Со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје се одбележаа 23 години од формиањето на Полкот за специјални операции.
Дефилето не беше само свечен чин туку одбележување на првата професионална армиска единица на независна Македонија. Мировни операции во рамките на НАТО предводени од членките на Алијансата, Ирак, Авганистан се главните белези на Полкот за специјални операции. Популарните Волци и Ренџери секогаш и секаде први, се синоним за одбраната на Република Македонија.
За време на пет и пол годишното учество во Ирак, како и во Авганистан припадниците на специјалните армиски единици се соочуваа со крајно сложени предизвици за што добија високи оценки од НАТО и од земјите членки на Алијансата, како и од Соединетите Американски Држави.
Вие не ги достигнавте стандардите на НАТО, туку и го надминавте, порача заменик- началникот на Генерал штабот, Мухамед Рацај. Според министерот за одбрана, Јолевски во изминативе три години направен е просперитет за пополнување на Полкот. По 16 години нагласката е ставена врз процесот на модернизација со лична опрема и нови возила. Вие сте пример за сите припадници на Армијата- рече Јолевски.
Специјалните сили на Македонската армија се формирани на 1-ви март пред 23 години. Единицата беше трансформирана во Полк за специјални операции составен во батаљонот за специјални намени Волци, и ренџерскиот батаљон.
Ана Јосифоска- Тодоровска
