Франција: Полициски снајперист случајно повреди две лица

01.03.2017 15:24

Инцидентот се случи на отворањето на новата железничка линија Париз-Бордо во западниот дел од земјата.

Две лица се повредени откако полициски снајперист по грешка го активирал оружјето за време на говорот на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Инцидентот се случи на отворањето на новата железничка линија Париз-Бордо во западниот дел од земјата.

Повреден е келнер од локален хотел и вработен во железницата кои биле дел од гостите на настанот.