Евакуирани 4.000 студенти од универзитет во Монтреал

02.03.2017 10:21

Преку електронска пошта до универзитетот и локалните медиуми, пристигнала закана дека советот на конзервативни граѓани во Канада ќе фрли неколку рачно изработени експлозиви во универзитетот ...

Поради закани по животот на студенти муслимани од универзитетот „Конкордија“ во Монтреал биле евакуирани околу 4 илјади студенти.

Преку електронска пошта до универзитетот и локалните медиуми, пристигнала закана дека советот на конзервативни граѓани во Канада ќе фрли неколку рачно изработени експлозиви во универзитетот во знак на протест против присуството на студенти муслимани.

Три згради на универзитетот биле евакуирани и претресени од страна на силите на редот, но не биле откриени експлозивни направи.