Убиен вториот човек на Ал Каеда?

02.03.2017 11:19

Вториот човек на Ал Каеда, Абу Ел Кајр Ел Масри бил убиен во близина на Идлиб во Сирија, во напад со ракета „Хелфаер“ истрелана од беспилотно летало на ЦИА.

Официјално лице од американската известувачка служба соопшти дека вториот човек на Ал Каеда, Абу Ел Кајр Ел Масри бил убиен во близина на Идлиб во Сирија, во напад со ракета „Хелфаер“ истрелана од беспилотно летало на ЦИА.

Масри наводно бил убиен во неделата додека бил во неговиот автомобил. Според истиот извор тој по нападите на 11-ти септември 2002 отишол во Иран, а потоа и во Сирија за да помогне во управување со групата Џабхат Фатех Ел-Шам, инаку огранок на Ал Каеда.