Германија повикува на смирување на состојбата во Македонија

03.03.2017 13:43

„Влошувањето на внатрешната политичка ситуација е многу вознемирувачко. Внатрешната политичка стагнација се заканува да ја врати земјата назад по патот кон Европската унија“- вели германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, повика на смирување на состојбите во земјава.

„Влошувањето на внатрешната политичка ситуација е многу вознемирувачко. Внатрешната политичка стагнација се заканува да ја врати земјата назад по патот кон Европската унија“- вели Габриел.

Тој посочува и дека претседателот Иванов треба повторно да размисли за својата одлука, но како што наведува, и да ја исправи во интерес на граѓаните.

Германскиот министер ги повика сите политички фактори да бидат одговорни, да имаат умерена реторика и да сторат се што можат за да спречат конфликти.