Во вторник седница за преземање на „Сопот“ и „Пуч“

03.03.2017 14:41

На денешниот состанок воопшто не било разговарано за поединечни случаи. Првиот човек на Советот, Аневски вели дека специјалната обвинителка Јанева одолговлекува со предавањето на случајот „Пуч“.

Во вторник Советот на јавните обвинители на седница ќе расправа дали ќе ги преземе случаите „Сопот“ и „Пуч“. На денешниот состанок воопшто не било разговарано за поединечни случаи. Првиот човек на Советот, Аневски вели дека специјалната обвинителка Јанева одолговлекува со предавањето на случајот „Пуч“.

„Ќе се разгледуваат точките за предметот кој во јавноста е познат како Пуч и предметот Сопот. Јавниот обвинител Катица Јанева не постапува по нашите барања, имаме поднесено ургенција, барања имаме поднесено... не одговара, всушност го опструира советот и го омаловажува“, изјави Аневски.