Могерини оствари средби со косовскиот политички врв

04.03.2017 11:59

Посетата на Могерини се случува во најдобар момент за Косово и регионот. Имаме различни предизвици, но исти приоритети, изјави Тачи, додавајќи дека е важно ЕУ да го поддржи целиот регион во аспирациите да стане дел од Унијата.

Високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедносна политика Федерика Могерини со средба со косовскиот претседател Хашим Тачи ја почна посетата на Косово.

Посетата на Могерини се случува во најдобар момент за Косово и регионот. Имаме различни предизвици, но исти приоритети, изјави Тачи, додавајќи дека е важно ЕУ да го поддржи целиот регион во аспирациите да стане дел од Унијата.

Могерини се сретна и со претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, со премиерот Иса Мустафа и со лидерите на парламентарните политички партии.

Таа ќе претстојува и Косовска Митровица.