СДСМ:Брз и мирен трансфер на власта
Ако сега не се почитува мнозинската волја на граѓаните, ни по нив нема да се почитува, наведуваат од СДСМ и додаваат дека јасна е определбата на граѓаните и дека треба да се дозволи брз и мирен трансфер на власта во Македонија.

Демократските процеси се почнати и мнозинската волја на граѓаните преточена во 67 пратенички мандати мора што побрзо да се реализира со формирање нова реформска влада и независни демократски институции, наведуваат СДСМ во соопштение денеска во која оценуваат дека барањата за нови избори се обид да се оддолжи и продлабочи политичката криза.
Ако сега не се почитува мнозинската волја на граѓаните, ни по нив нема да се почитува, наведуваат од СДСМ и додаваат дека јасна е определбата на граѓаните и дека треба да се дозволи брз и мирен трансфер на власта во Македонија.
Додаваат дека огромно мнозинство граѓани, околу 700.000, на предвремените парламентарни избори веќе избраа заедништво, промени, правда и живот.
