Советот на ЕУ ќе расправа за Македонија и Западен Балкан
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерина, ќе ги информира министрите за резултатите и разговорите од нејзината минатонеделна турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Состојбите во земјите од Западниот Балкан ќе биде една од темите на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерина, ќе ги информира министрите за резултатите и разговорите од нејзината минатонеделна турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Се очекува министрите да усвојат заклучоци кои ќе бидат основа за подготовка на извештајот за Западен Балкан, што треба да биде донесен на Самитот на унијата што ќе се одржи в четврток и в петок во Брисел.
Според извори во Брисел, се очекува во заклучоците од министерската средба да се нагласи неопходноста од продолжување на реформските процеси во регионот со цел да се обезбеди „непречено напредување на партнерите од Западен Балкан на европскиот пат“.
