Задоцнетото будење на вегетацијата ќе ја заштити од мразот
Иако минатата недела имаше релативно високи температури тоа нема негативно да влијание врз земјоделските култури. Будењето на вегетацијата во споредба со лани доцни за скоро две недели и сѐ уште е во состојба на презимување што ги прави посевите по издржливи во случај на појава на мразеви.

Сувото време без врнежи од дожд во земјоделството овозможи да продолжат работита на отворено, но влажноста во почвата се намалува и се чувствува недостиг на вода потребна за растворање на азотните ѓубрива како прихрана за есенските посеви.
Со најавената промената на времето оваа недела и прогнозата за доаѓање на серија на влажни бранови се очекува недостигот на вода во почвата да се надополни.
Падот на дневните температури за неколку степени е добар за успорување на будењето и развојот на вегетацијата, но кај раните коскести овошки како што е на пример бадемот долж Повардарието веќе се појавуваат „набарени папки“.
Споредено со лани, оваа година барем до овој период вегетацијата доцни од 14 до 18 дена, што е добро ако се имаат предвид просечните датуми на последените пролетени мразеви кои можат да се појават и во април. Ова ќе ги заштити растенијата кои се затекнати во ниска фази на развој и дотогаш ќе имаат многу поголема издржливост.
Методија Трајков
