Германија ги отфрли обвиненијата на Ердоган за нацизам
Официјален Берлин забрани одржување собири преку кои Ердоган се обидува да добие поддршка за референдумот на 16 април. Во Германија живеат милион и пол Турци. Слични собири се најавени и во Холандија.

Германското Министерство за правда ги отфрли обвинувањата за нацизам на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Официјален Берлин забрани одржување собири преку кои Ердоган се обидува да добие поддршка за референдумот на 16 април. Во Германија живеат милион и пол Турци. Слични собири се најавени и во Холандија.
„Германијо, ти си далеку од демократијата. Моменталните политики немаат никаква врска со демократијата и може да се споредат со оние на нацистите. Не ви се допаѓаат овие фрази, но зошто? Вие го правите тоа. Ни држите предавање за демократија, а не им дозволувате на нашите министри да зборуваат овде“, изјави Ердоган.
Забрана за собири на турски политичари бара и Австрија за да се оневозможи притисок од Анкара врз одредени членки на ЕУ.
