Се распродаваат евтините летни аранжмани

06.03.2017 10:11

Студот и минусните температури не ги поколебале македонските граѓани да ги искористат поволните попусти и да уплатат за летен одмор. Туристичките агенции веќе ги распродале евтините аранжмани. Оние кои не ги организирале обврските пред време, ќе чекаат да уплатат непосредно пред тргнување.

Иако сѐ уште трае зимата, граѓаните се почесто се одлучиваат од сега да уплатат за летен одмор. Доколку резервираат порано на цената ќе добијат попуст од 15 до 50 проценти.

Распродадени евтините летни аранжмани. Туристичките агенции најмногу заработиле на минусните температури. Големите попусти ги намамија граѓаните да мислат на море уште пред нова година. Можноста да се летува поевтино, за некој е веќе пракса со години.

Сам свој организатор. Не се малку луѓето кои работата ја земаат во свои раце и закажуваат аранжмани преку интернет со надеж дека ќе поминат уште поевтино. На лето од сега не мислат оние кои не можат да ги испланираат обврските пред време.

Следен попуст ќе се чека непосредно пред тргнување. Така наречените „ласт минут“ понуди се атрактивни заради ниската цена на оние кои не им значи каде и кога ќе заминат на сончање.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска