Продолжуваат протестите против корупцијата во Букурешт
06.03.2017 10:29
Со романски и американски знамиња, демонстрантите скандираа „Романијо, разбуди се, сакаме правда, не корупција“.

Романците повторно организираа протестен марш во Букурешт за поддршка на антикорупциската комисија. Со романски и американски знамиња, демонстрантите скандираа „Романијо, разбуди се, сакаме правда, не корупција“.
Протестите почнаа поради указот за измени на Кривичниот законик, кој дозволува амнестија на лица обвинети за корупција.
Под притисок на демонстрантите, Владата го повлече указот.
