„Велт Ам Зонтаг“: Во 2015 година Германија планирала да ги враќа бегалците

06.03.2017 10:55

Планот бил откажан зашто министрите не сакале да преземат одговорност за одлука која можела да се покаже како незаконска...

Според германскиот весник „Велт ам зонтаг“, владата планирала да ја затвори границата со Австрија и да ги враќа бегалците кога кулминираше бегалската криза во Европа во септември 2015 година.

Планот бил откажан зашто министрите не сакале да преземат одговорност за одлука која можела да се покаже како незаконска, се вели во написот за кој нема коментар од Министерството за внатрешни работи.