Могерини: Земјите од Западен Балкан се соочуваат со предизвици кои можат да ги надминат

06.03.2017 11:35

Ќе ги известам министрите и подоцна неделава премиерите за нивната состојба која е изложена на предизвици, внатрешни, регионални но исто така и глобални. Сепак, самиот регион има сила и капацитет да реагира на тоа и да се воздржи, смета шефицата на европската дипломатија и безбедност, Федерика Могерини...

Ќе ги запознаам министрите за надворешни и за одбрана за состојбата во земјите од Западен Балкан. Тие се соочуваат со предизвици кои можат да ги надминат, рече шефицата на европската дипломатија и безбедност, Федерика Могерини пред состанокот во Брисел.

„Ќе ги известам министрите и подоцна неделава премиерите за нивната состојба која е изложена на предизвици, внатрешни, регионални но исто така и глобални. Сепак, самиот регион има сила и капацитет да реагира на тоа и да се воздржи, овозможено од присутната верба во европскиот интегративен процес. Тоа е наш дел од работата. И затоа очекувам и денеска но и од европскиот совет неделава да изрази силна и јасна посветеност на Западниот Балкан во услови на искрена европска преспектива за интеграција“, изјави Могерини.

В петок извештајот на Могерини ќе се најде пред премиерите на 27- те држави- членки на Унијата.