Германските политичари револтирани од обвинувањата на Ердоган

06.03.2017 13:00

Германските политичари се револтирани од обвинувањата на турскиот претседател Ердоган за ширење нацизам. Официјален Берлин забрани јавни собири за добивање поддршка за референдумот со кој се прошируваат овластувањата на турскиот претседател.

Германското Министерство за правда ги отфрли обвинувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ширење нацизам. Властите не сакаат дополнителна ескалација на дипломатските односи, па Мас потенцира дека не е против општа забрана за настапите на турските политичари во Германија.

„Тврдењата се штетни, ненормални и неприфатливи. Ердоган сака да провоцира. И ние мораме да внимаваме и да не му дозволиме да успее во тоа“, изјави Хајко Мас • минисер за правда на Германија.

Од безбедносни причини, официјален Берлин забрани одржување собири преку кои Ердоган се обидува да добие поддршка за референдумот на 16 април со кој се прошируваат овластувањата на шефот на турската држава. Револтиран од одлуката на владата, која според него не се ослободила од националсоцијализмот, на митингот во Истанбул Ердоган предупреди: Ќе дојдам и да не ми дозволите, а ако не ме пуштите да зборувам, ќе кренам бунт.

Германијо, ти си далеку од демократијата. Моменталните политики немаат никаква врска со демократијата и може да се споредат со оние на нацистите. Не ви се допаѓаат овие фрази, но зошто? Вие го правите тоа. Ни држите предавање за демократија, а не им дозволувате на нашите министри да зборуваат овде“, рече турскиот претседател Ердоган.

Во Германија живеат милион и пол Турци. Слични собири се најавени и во Холандија. Забрана за јавни настапи на турски политичари бара и Австрија за да се оневозможи притисок од Анкара врз одредени членки на ЕУ.

 

Маја Филдишев