ЕУ формира штаб за воени обуки

07.03.2017 10:37

Челниците на блокот, вклучувајќи ја и Могерини, нагласија дека со ова нема да се загрози улогата на НАТО како примарна одбрана на континентот.

ЕУ ќе формира штаб за воени обуки во мисиите кои ќе бидат централен елемент во идната европска армија. Во почетокот  ќе бидат ангажирани 30 офицери на три тековни мисии на Унијата во Демократска Република Конго, Мали и во Сомалија.

Челниците на блокот, вклучувајќи ја и Могерини, нагласија дека со ова нема да се загрози улогата на НАТО како примарна одбрана на континентот.

Покрај Британија, и Полска и Унгарија инсистираат НАТО да е во преден план поради потребата за поддршка од САД во односите со Русија.