Републиканците почнаа со здравствена реформа со цел укинување на „Обамакер“

07.03.2017 11:50

Мерката би можела да резултира со помала улога на владата во здравствената грижа

Републиканците во американскиот Конгрес објавија предлог-закон за здравствена реформа со кој се укинува голем дел од програмата „Обамакер“ спроведена од поранешниот претседател Барак Обама.

Мерката би можела да резултира со помала улога на владата во здравствената грижа, па помал број Американци би имале здравствено осигурување.