Работилница за проценка на ризикот од корупција во јавниот сектор

09.03.2017 12:40

На работилницата се дискутира за ризиците од корупција во управувањето, нивно утврдување, проценка и надминување, како и посочување на институционалните структури, системи и процеси кои можат да бидат повеќе подложни на корупција.

Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка и со поддршка на Европската комисија преку инструментот „ТAIEX“, организира работилница на тема „Проценка на ризикот од корупција во институциите од јавниот сектор- утврдување на ризикот од корупција и другите неетички ризици и планирање на решенија и мерки за нивно надминување“.

На работилницата се дискутира за ризиците од корупција во управувањето, нивно утврдување, проценка и надминување, како и посочување на институционалните структури, системи и процеси кои можат да бидат повеќе подложни на корупција.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски рече дека во Македонија има воспоставено и започнато е со имплементација на  општа методологија за управување со ризици, што може да биде добра основа за управување со ризици од измама и корупција.

Прашан во кои сектори има најмногу корупција Тантуровски рече дека според последните истражувања првенствено е судството, здрваството и некои други сектори.

Во однос на тоа дали се преземени некои мерки и чекори кон одредни институции, Тантуровски рече дека ДКСК тековно работи и отвора предмети од надворешни пријавители и по сопствено наоѓање.