Заниер: Интересите на граѓаните да бидат на прво место

09.03.2017 13:03

Генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка на Европа, Ламберто Заниер, денеска во резиденцијата Вила Водно имаше средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а во Министерството за надворешни работи, со вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија Никола Попоски.

Да се зачува демократијата, да не се предизвикуваат, преку говорот на омраза, меѓуетнички тензии. Интересите на граѓаните да бидат на прво место.

Ова го порача во колумна за два печатени медиума во земјава, генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка на Европа, Ламберто Заниер.

Тој денеска во резиденцијата Вила Водно имаше средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а во Министерството за надворешни работи, со вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија Никола Попоски.