Продолжува судскиот процес за насилствата во општина Центар

10.03.2017 09:34

Обвинението против поранешниот премиер Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Јанакиески и уште за 12 други лица, Специјалното јавно обвинителство го поднесе лани на 15-ти септември. Досега се одржани неколку подготвителни рочишта, а главната расправа сѐ уште не е почната.

Во Кривичниот суд е закажано продолжението на судскиот процес за организирање на насилствата во општина Центар во 2011-та година.

Обвинението против поранешниот премиер Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Јанакиески и уште за 12 други лица, Специјалното јавно обвинителство го поднесе лани на 15-ти септември. Досега се одржани неколку подготвителни рочишта, а главната расправа сѐ уште не е почната.

Судијка во овој случај е Татјана Михајлова, која пред два дена поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на Основниот суд. На последното рочиште, судијката ги казни обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи по 2.000 евра за навреда и непочитување на судот.