Одреден притвор за првоосомничениот во случајот „Труст“

10.03.2017 10:38

Во „Труст“ се осомничени три физички и три правни лица за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Кривичниот совет на Основниот суд- Скопје 1 одредил притвор за првоосомничениот во случајот „Труст“ и донел наредба за негово приведување. Прифатена е жалбата на СЈО по одлуката на судијата на претходната постапка, кој го одби притворот.

Во „Труст“ се осомничени три физички и три правни лица за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Конзорциумот од трите фирми, според СЈО, остварил противправна имотна корист од околу 17 милиони евра.