Свеченост по повод 25-годишнината од преземањето на караулата кај Крива Паланка
10.03.2017 10:41
Иванов денеска во караулата „Рамна нива“ во близина на Крива Паланка ќе се обрати на свеченоста по повод 25-годишнината од преземањето на караулата „Рамна нива“ од припадниците на Армијата на Република Македонија ...

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во караулата „Рамна нива“ во близина на Крива Паланка ќе се обрати на свеченоста по повод 25-годишнината од преземањето на караулата „Рамна нива“ од припадниците на Армијата на Република Македонија и подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница.
Со свеченоста се одбележува и денот на Командата на резервните сили на АРМ.
