ВМРО-ДПМНЕ: Заев си поигрува со националните и со државните интереси

10.03.2017 10:47

Излезот од ова се две решенија. Или Заев јавно да се откаже од Тиранската платформа и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ да добие поддршка за малцинска влада или да излезе повторно на соочување со народот, па ако сака нека ја искористи Тиранската платформа како основа на својата партиска изборна програма...

Зоран Заев си поигрува со националните и со државните интереси. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е до гуша заглавен, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем граѓаните кои го дадоа својот глас за наводниот план за живот, а добија план за редефинирање на државата се најразочарани. Зоран Заев покажува дека не само што е подготвен да прифати Тиранска платформа и да води диктирана Тиранска влада, стои во дописот.

Излезот од ова се две решенија. Или Заев јавно да се откаже од Тиранската платформа и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ да добие поддршка за малцинска влада или да излезе повторно на соочување со народот, па ако сака нека ја искористи Тиранската платформа како основа на својата партиска изборна програма, која граѓаните ќе може јасно да ја прифатат или да ја отфрлат, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.