ВМРО-ДПМНЕ: Заев да покаже државност и чувство на припадност кон сопствениот народ
Доколку, пак, Заев до таа мера е импресиониран од платформата од Тирана, нека прифати парламентарни избори заедно со локалните во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана, стои во дописот.

Крајно време е Заев да покаже барем малку државност и чувство на припадност кон сопствениот народ, да смогне сили и да ѝ каже не на платформата од Тирана, како и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обврзе да не ја реализира Тиранската платформа, порачува преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку, пак, Заев до таа мера е импресиониран од платформата од Тирана, нека прифати парламентарни избори заедно со локалните во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана, стои во дописот.
Се наведува дека Заев и СДСМ мора да прават секакви отстапки на штета на унитарноста на Македонија само да се доберат до власт, која, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, изворно не им припаѓа, затоа што не победиле на изборите од 11-ти декември.
