Шкотска најави втор референдум за независност
13.03.2017 13:48
Старџен додаде дека на народот мора да му се понуди избор меѓу Брегзит и независна држава.

Шкотската премиерка Никола Старџен најави план за распишување на втор референдум за независност меѓу есента во 2018 година и пролетта следната година.
Во Единбург, Старџен додаде дека на народот мора да му се понуди избор меѓу Брегзит и независна држава.
Шкотска ќе остане член на европскиот единствен пазар, дури и ако остатокот од Велика Британија се оддели од него, како што вети британската премиерка Тереза Меј.
