Во Србија свикана седница на Советот за национална безбедност

13.03.2017 16:29

Најавите на Приштина за прекин на бриселскиот дијалог и формирање на косовска војска го кренаа Белград на нозе. Во Србија свикана седница на Советот за национална безбедност.

Србија изразува загриженост поради заострената реторика и иницијативите на Приштина за прекин на бриселскиот дијалог и формирањето на косовската војска и бара продолжување на бриселскиот дијалог- стои во соопштението кое до МТВ во Белград е доставено по седницата на Советот за национална безбедност.

На седницата на која приствуваше целокупниот државен врв на Србија на чело со Николиќ и Вучиќ, повеќе министри и преставници на сите безбедоносни служби-заклучено е надлежните органи со сите политички и дипломатски средства да се спротистават на дестабилизацијата на Косово и создавањето на косовските воени сили. Државниот врв на седницата расправаше и за состојбата во регионот која е оценета како турбулентна и сложена.

Според соопштението- не постојат можности за загрозувањето на мирот и безбедноста во Србија. Но, постојат закани за ширење на политичките судири кај државите во соседството, кои се потиканати-како што стои во соопштението, од внатрешната политичка нетрпеливост, како и од мешањето на странски цивилни и воени разузнавачки служби.

Србија нема да се меша во внатрешните работи на соседите, но нема ни да дозволи прелевање на политичките и на други конфликти на нејзината територија-почитувајќи го притоа интегритетот на државите во регионот- констатираше српскиот државен врв на седницата за национална безбедност.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград