Турција му забрани на холандскиот амбасадор во Анкара да се врати во земјата

14.03.2017 10:56

Заменик-премиерот Нуман Куртулмуш најави и дека ќе се затвори воздушниот простор за холандски дипломати како одговор на забраната за турски министри да се обратат на собири во Холандија.

Турција му забрани на холандскиот амбасадор во Анкара да се врати во земјата и ги суспендираше политичките контакти на високо ниво со Холандија поради билатералната дипломатска криза.

Заменик-премиерот Нуман Куртулмуш најави и дека ќе се затвори воздушниот простор за холандски дипломати како одговор на забраната за турски министри да се обратат на собири во Холандија.

Во Турција ќе се одржи референдум за уставни измени со кои би се вовел претседателски систем.

Во Холандија ќе се одржат парламентарни избори на кои се очекува да победи партијата на десничарот Герт Вилдерс кој вети дека ќе ги затвори џамиите во Холандија и границите за жители на муслиманските држави, дека ќе се откаже еврото и дека ќе ја напушти ЕУ.