Европски суд: Работодавците можат да забранат верски обележја

14.03.2017 13:43

Внатрешното правило во компанијата за забрана на носење на видлив политички, филозофски или верски симбол не претставува директна дискриминација, потенцира Судот.

Европскиот суд им даде одврзани раце на работодавачите да наметнуваат забрана за носење на хиџаб или други религиозни симболи на работното место.

Внатрешното правило во компанијата за забрана на носење на видлив политички, филозофски или верски симбол не претставува директна дискриминација, потенцира Судот.

Одлуката мора да се спроведува на неутрален дрескод за сите вработени.