Европски суд на правдата: Работодавците смеат да забранат бурки

14.03.2017 15:24

Европскиот суд им даде одврзани раце на работодавачите да наметнуваат забрана за носење на бурки и други религиозни симболи на работното место. Внатрешното правило во компанијата за забрана на носење на видливи политички, филозофски или верски симболи не претставува директна дискриминација, потенцира Судот. Одлуката мора да се спроведува на неутрален дрес-код за сите вработени.

Еврпоскиот суд на правдата им дозволи на работодавците да можат да забранат носење видливи верски, политички или филозофски симоболи. Оваа одлука се однесува и на бурките и на шамиите што ги носат жените од исламска вероисповест.

Судот налага забраната да биде заснована на внатрешните правила на компанијата кои бараат сите вработени да се облекуваат „неутрално“, а не на основа на желбата на клиентите и на купувачите.

Ова е прва одлука на судот по прашање на исламските шамии на работа. Повод биле два случаја со две жени во Белгија и во Франција, кои биле отпуштени од работа бидејќи одбиле да ги тргнат шамиите.

Минатиот месец судот во Германија пресуди дека едно основно училиште во Берлин мора да и исплати отштета на наставничка која не добила работа бидејќи носела бурка, оценувајќи ја таквата одлука како дискриминаторна. Исто така судот оценил и дека носењето бурки не би довело до тензии во тоа училиште.

Претходно законите за забрана за бурките, меѓу првите ги усвоија Бугарија, Швајцарија и делови од Франција. Атмосферата се вжешти кога таков предлог изнесе германската канцеларка Меркел, која кон крајот на 2016 се изјасни за забрана на целосно покривање на лицето каде што е законски возможно.

Инаку одлуката на Европскиот суд е донесена во пресрет на холандските парламентарни избори на кои доминираат прашањата за имиграција и интеграција.

 

Марина Автовска