Зголемено учество на микро фирми во јавните набавки
1.400 институции на локално и национално ниво го спроведуваат Законот за јавни набавки. Во реализација на 20- тина илјади договори годишно учествуваат 4.800 фирми, се зголемува и учество на мали и микро претпријатија.
Подобрување на институционалната рамка, промена на начинот на кој се спроведуваат јавните набваки, економски најповолна понуда, наместо најниска цена, воведување прекршочниодредби. По спроведените истражувања и мониторинг Центарот за граѓански комуникации со предлог- за унапредување на системот, потребен е нов Закон за јавни набавки, храмонизиран со европската регулатива што ќе го олесни и учеството на малите и микро претпријатија.
„Во рамки на дозволеното, да се делат тендерите, што е законски, да се бара помалку документација, комуникацијата да се подобри, роковите да се продолжат, значи измени во праксата на делување на договорните органи за да ги направт набавките отворени и за овие фирми, и да има прекршочни мерки, бидејќи сега има само кривични одредби и тие да се стават каде што им е место во кривичниот закон“, вели Герман Филков, од Центарот за граѓански комуникации.
1.400 институции на локално и национално ниво го спроведуваат Законот за јавни набавки. Во реализација на 20-тина илјади договори годишно учествуваат 4.800 фирми, се зголемува и учество на мали и микро претпријатија. Со поддршка на УСАИД во изминатите три години беа спроведени низа обуки за учество и пристап на тендерите.
„На пример 700 претпријатија коишто со помош на овој проект беа обуечни како да учествуваат во јавните набавки, направија договори тешки 6 милиони евра, што значи дека нивното учество е веќе зголемено“, посочува Џејмс Стаин од УСАИД.
Обемот на јавните набавки на годишно ниво изнесува речиси милијарда евра што е 12 насто од бруто домашниот производ. Државата за оваа намена троши третина од буџетските средства, стои во истражувањата на Центарот за граѓански комуникации.
Сузана Фиданска- Стоевска