Анкета: Мнозинството Шкоти против независност од Велика Британија
15.03.2017 11:18
Премиерката Никола Старџен ќе бара од Парламентот дозвола да организира нов референдум за ова прашање кон крајот на 2018 или во почетокот на 2019 година.

Според анкетата на весникот „Тајмс“, мнозинството Шкоти се против независноста од Велика Британија.
Премиерката Никола Старџен ќе бара од Парламентот дозвола да организира нов референдум за ова прашање кон крајот на 2018 или во почетокот на 2019 година.
Британската премиерка Тереза Меј реагираше поради планот на Старџен, потенцирајќи дека се создава несигурност во моментот кога земјата треба да се обедини.
