Меркел задоволна од економската стабилност на Србија

15.03.2017 12:06

Разговорите се фокусирале најмногу на европскиот пат на Србија и на глобалните односи...

Српскиот премиер Александар Вучиќ по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се зголемува бројот на работници кои германските инвеститори ги вработуваат во Србија.

Разговорите се фокусирале најмногу на европскиот пат на Србија и на глобалните односи. Вучиќ потенцираше дека Германија се интересира за Западен Балкан и дека канцеларката е задоволна од економската стабилност на Србија.